Досегашниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Сречко Катанец , конечниот одговор на понудата да ја продолжи соработката како селектор на македонската фудбалска репрезентација ќе го даде денеска, соопшти Фудбалската федерација на Македонија-ФФМ.

Во разговорот што тој пред неколку дена го имал со претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџиристески, уште еднаш позитивно била оценета  соработката во претходниот период од две години во рамките на квалификацискиот циклус за ЕП 2008г.


ќе ја продолжат ли соработката: Хаџиристески и Катанец

Во меѓувреме  Катанец побара период до нова година да размисли за понудата од ФФМ, да остане и во следниот квалификациски циклус за СП 2010г. на клупата на нашиот национален тим, а како што е познато тој има понуди и од Бугарија, Словенија и Словачка.

Г.М.