Со 85 гласови за, 41 против и два воздржани, собранието на шпанската област Каталонија ја усови декларацијата за суверен ентитет.

Како што се наведува во декларацијата, целта на 7.6 милионското население на Каталонија е постанување нова земја членка на Европската унија.

Иако шпанските власти најавија блокада на секој обид за независност, декларацијата беше подржана од страна на Републиканската левица и партијата Конверегеницја.

Инаку, населението во оваа североисточна шпанска област, е поделено во поглед на осамостојувањето. Сепак, веќе долго време се најавува референдум за одвојување од Шпанија.

OhridNews