Гласачките места низ Каталонија беа отворени за гласање за независност на тој шпански регион. Шпанската полиција на секаков начин се обидува да спречи одржување на референдумот. На некои места, како што пренесуваат медиумите, полицијата се обидува да спречи илјадници луѓе да гласаат, при што има уапсени неколку лица. Полицијата запленила кутии и гласачки ливчиња на гласачките места.
Пред неколку гласачки места избиле нереди, поради што полицијата морала да интервенира за да ја растера толпата народ, кои дошле за да гласаат. Шпанската полиција за разбивање на демонстрациите, почнала да распоредува полицајци во еден дел од Барселона, непосредно пред отворањето на гласачките места. Почетокот на гласањето во Барселона било пропратено со апсења и одвлекување на луѓе од гласачките места.
Во меѓувреме, претседателот на Каталонија, Карлес Пучдемон гласаше во местото Корнељ дел Тери во ровинцијата Џирона, наместо, како што претходно планирал, во местото Сан Жулиј де Рамис, каде полицијата насила влегла во гласачкото место, пренесе „Гардијан“.
Во едно училиште во Барселона каде се одржува гласањето, полицајци во опрема за разбивање на демонстрации, влегле насила и отстраниле неколку стотина луѓе кои дошле да гласаат, пренесува АП.
OhridNews
Макфакс