Во Иран бил објавен каталог за машки фризури кои биле одобрени од министерството за култура. Каталогот содржел мажи со кратки и конзервативни фризури, кои биле прифатливи за тамошното општество. Каталогот бил изработен од претставници на универзитетот во Техеран и здружението на фризери од Иран.


Полцијата во Иран често ги напаѓа фризерските салони кои на муштериите им нудат фризури направени во стилот на западните земји. Сопствениците на фризерниците се обврзуваат дека ќе прават само традиционални фризури. Според законите, освен модерни фризури, мажите во Иран не смеат да носат и вратоврски.