Клубот, ракометарките и стручниот штаб на Вардар долго ќе се сеќава и прераскажува првиот четвртфинален натпревар со Ларвик во Лигата на Шампиони.


„Црвено црните“ актуелните вицешампионки на Европа ги декласираа победувајќи ги со убедливи 14 гола разлика (34-20).

– Одигравме онака како што се договоривме. Цврсто и сигурно во одбраната, стрпливо и ефикасно во нападот. За нашата игра во одбрана говори фактот што Ларвик вториот гол во мечот го постигна по 17 минути игра. Им приредивме спектакл на навивачите во Јане Сандански, а ние обезбедивме меч за прераскажување и долго сеќавање. – рече Индира Кастратовиќ.


Во најдобар можен момент Барбара Лазовиќ го одигра мечот на сезоната во дресот на Вардар. Десниот бек постигна шест погодоци и беше движечка сила во нападот.

– Секој детал го имавме добро анализиравме, што ни даде насока што треба да правиме, и го направивме многу добро. Иако одигравме супер, сепак се опуштивме во финишот од првиот дел што тие добро го искористија. Во второто одново наметнавме брзо темпо и го решивме противникот. Големата разлика не ни гарантира ништо, затоа одиме на победа и во Норвешка. – потенцираше Лазовиќ.

Ако ракометарките на Вардар ја одбранат предноста од Скопје трет година по ред ќе бидат дел од Ф4 турнирот во Будимпешта.

Фото:Екипа.мк
OhridNews