Женскиот ракометен шампион во Македонија, Вардар трет пат во низа ќе биде дел од завршниот турнир од Лигата на Шампиони кој се одржува во унгарскиот град Будимешта.
Минатите две учества „црвено црните“ ги завршуваа во полуфиналето, а сега сите посакуваат чекор напред и пласман во големото финале.
Полуфинална пречка за „вардарки“ ќе биде тимот на Букурешет со кој во групната фаза од ЛШ два ги одмерија силите. Победите од групната фаза не значат ништо и двете екипи имаат иста цел, пласман во финалето.
– Најважно е што сите во екипата се здрави и спремни за игра. Имавме доволно време за да се подготвиме, работевме квалитетно и едвај чекаме да отпатуваме за Бутимпешта и да почне првиот натпревар. Анализиравме многу, знаеме против кого играме и нема никого да потценуваме. Имаме игра за да се спротивставиме и за мене многу важно е што сите девојки се многу мотивирани и имаат огромна голема желба да успееме да отидеме чекор подалеку. Нема да се штедиме и ќе играме со срце, до максимум нанашите можности. – рече Индира Кастратовиќ за официјалниот сајт на клубот.
Полуфиналниот дуел „црвено црните“ го играат в сабота со почеток во 17:45 часот, а претходно во (15:15ч) ќе се сретнат Ѓер и Будуќност.
OhridNews