– Многу потешко е да се гледа отколку да се игра. Во финишот на мечот кога србинките не стигнаа не можев да гледам и ја науштив салата – рече Кастратовиќ и додаде – Девојките беа прекрасни, лавовски се бореа и ова е голем успех. Со добра психисолошка подготовка може да стигнеме далеку.
Милева Велкова уште една ракометарка од македонската “златна“ репрезентација очекува оваа генерација да го повтори големиот успех.
– Сакам да им честитам на девојките, почуствував дека ниту една од нив немаше сила, но публиката ги понесе и дадоа се од себе да стигнат до оваа голема победа. Овие девојки имаат големо срце кое ќе ги одведе далеку. Јас сум со срцето со нашата репрезентација, им посакувам да го повторат нашиот успех, и да стигнат повеќе до седмото место.