Натпреварот против Лајпциг во „Јане Сандаски“ за ракометарките на Вардар е од исклучително значење. „Црвено црните“ немаат простор за грешка и кикс на дуелот со германките драстично ќе ги намали надежите за пласман во четвртфиналето.


– Имаме многу важен натпревар со Лајпциг, впрочем не  е само овој важен туку сите три преостанати (Динамо дома, Крим на гости н.з.). Имавме 10 дена да се подготвиме со мирна глава и без проблеми, да го анализираме Лајпциг. Ги одработивме тренинзите како што очекував и како што барав од девојките. Верувам дека во сабота ќе биде добар натпревар и дека ќе победиме. – рече Индира Кастратовиќ, пренесува „Спортмедиа“.

Според тренерот на „вардарки“ надворешни фактори влијале на атмосферата и играта што се одрази со два порази во три натпревари.

– Не сакам да ги правдам девојките, но многу работи ни се случија во јануари, со сето ова што ѝ се случи на Робертина ни беше тешко да се фокусираме, особено на последниот натпревар во Волгоград. Меѓутоа велам, нема оправдување и верувам дека ќе биде подобро. – дополни Кастровиќ.

Германскиот состав најдобро го знае германката во Вардар, Ања Алтхаус, која посочи : Очекувам дека ќе биде тежок натпревар, затоа што ги знам германските екипи, меѓутоа знаеме дека нема што да загубиме. Многу напорно работевме на нашата форма, сите знаат дека ова досега не сме ние и не е она што сакаме да го играме, но сигурна сум дека ќе успееме.

Мечот се игра в сабота со почеток во 19 часот.

Ohridnews