Женскиот ракометен првак во Македонија, Вардар со реми против Ференцварош (27-27) и не убедлива престава ги започна мечевите во новата сезона во Лигата на Шампиони.
„Црвено црните“ иако во поголемиот дел од мечот водство, на крајот и со бодот треба да бидат задоволни бидејќи во последните мигови од мечот стативата ги спаси од пораз.
– Првите натпревари се секогаш најтешки за нас, но нашата екипа не одработи ни десет проценти од она што го подготвувавме на тренинзите. Не одработивме тоа што се договаравме, девојките даваат се од себе на тренинзите но мора да поработиме и на самодовербата. Не може ова да се повторува секоја година, нормално не сум задоволна девојките треба да покажат многу повеќе од ова што го видовме на мечот со Ференцварош. – рече Индира Кастратовиќ.
Минатата сезона Вардар претрпе пораз од Ѓер, но сепак успеа да стигне до Ф4 турнирот, нешто што се очекува и оваа сезона.
Фото: 24ракомет
OhridNews