Пласманот на фајнлфорот на женскиот ракометен клуб Вардар ги оживеа шампионските спомени на Индира Кастратовиќ, која пред 12 години со Кометал Ѓорче Петров успеа да го освои трофејот во Лигата на Шампиони.

– Се сеќавам како да беше вчера. Целата држава беше во зелено-жолта боја и илјадници луѓе ни дадоа поддршка. Ова е нешто што можете да го искусите само еднаш во животот и мислам дека македонската публика знае како да те направи да се чувствуваш како вистински победник – рече Кастратовиќ за ЕХФ, а пренесува спорт365.

После толку години Кастратовиќ има ретка шанса и како тренер да се искачи на тронот од европскиот ракометен врв.

– Многумина беа скептици на почетокот од овој проект, беше многу тешко да се доведат овие ракометарки во тимот, но Вардар полека но сигурно се гради како една специјална приказна и добро е што Македонскиот клубски ракомет се враќа на старите добри и препознатливи патеки, бидејќи овде луѓето навистина мног го сакаат ракометот – додаде популарната „Инди“.

Според тренерот на „црвено црните“ екипата на Вардар не е фаворит бидејќи меѓу четирите тима се ноаѓаат екипи кои некогаш биле на тронот.

– Мислам дека сите четири екипи кои се изборија за пласман на Ф4 заслужија да се најдат овде. Будуќност го освои овој турнир пред две сезони и Ѓер е бранител на титулата. Тие имаат голема предност бидејќи заедно играат веќе подолг период, од друга страна ние сме екипа која сеуште се обидува да се пронајде себе си – заврши Кастратовиќ.

Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција завршниот турнир од Лигата на Шампиони го играат на 1 и 2 мај во романската престолнина Будимпешта.

Мх.П.