Еден Кениец каснал питон кој му се замотал околу телото, ослободувајќи се после неколкучасовна битка. Фармерот Бен Нијамубе работел за време на викендот во полето, на брегот на Индискиот Океан, кога го нападнала змија, очигледно во потрага за храна.
Вели дека нагазил нешто сунгересто, и одеднаш околу него се измотал питон. Презел очајнички мерки за спас и го каснал. Питонот го одвлекол фармерот до едно дрво, а кога малку попуштил Бен го извлекол мобилниот и повикал помош. Кога помошта пристигнала ја фатиле змијата во торба, но таа подоцна побегнала.