Екипата на Пелистер одигра две различни полувремиња со Охрид во контролниот натпревар кој заврши без победник 23-23.
„Зелено белите“ негативата од два голови на полувремето во вториот дел ја анулираа со серија од 7-3. Во последните моменти имаа и гол предност 23-22, но Кобетиќ со гол со ѕвукот на сирената ги изедначи бројките на семафорот.
– Па ние нажалост уште играме слабо и очигледно е дека ракометарите на Пелистер се во голема криза. Во текот на играта ракометарите не се движат правилно и заостануваат чекор или два до вистинската реакција. Многу се мачиме, но тоа е дел од подготвителниот период и треба да се работи да ги надополниме сите недостатоци. Што се однесува до мечот, требаше да го решиме кога имавме два-три голови разлика, но погрешивме во неколку напади, а домаќините вешто го казнија и стигнаа до позитивен резултат. – рече стратегот на битолчани, Касим Каменица.
Сите играчи вклучувајќи ги Кирил Колев и Иван Тасески добија шанса за Пелистер во тест средбата со Охрид која наликуваше на првенствен натпревар.
– Планирам голема ротација во текот на мечот, со што би го одржале високото темпо на игра. Ние уште на стартот имаме дерби со Работник, а потоа уште неколку исклучително тешки мечеви затоа ќе влеземе максимално без тактизирање. – потенцираше Каменица.
Фото: Драматично реми во „Билјанини Извори“
Горан Андоновски: Мечот со Пелистер пример за мечевите од Супер лигата
Мх.П.