Ракометарите на Пелистер го положија оружјето во спортска сала „Билјанини Извори“ претрпувајќи пораз од Охрид во дербито кое означи почеток на возбудувањата во Супер лигата.
Гостинскиот стратег Касим Каменица очекувано не беше задоволен од поразот, но и од изданието на своите играчи кои јавно ги искритикува.
– Одигравме многу слабо и кукавички, а така не се игра за Пелистер. Имавме планови да одиграме јако, храбро и со многу блокови на бековите од Охрид, а тие постигнаа најмногу голови и правеа што сакаа. Исто така морам да забележам дека кога ние имавме ракометар повеќе се мачевме да постигнеме гол него со шест на шест во поле, а Охрид успеа да постигне два три погодоци кои многу значат. Ние не бевме на нивото за еден ваков натпревар, премногу грешевме во напад имавме избрзани шутеви и непрецизни што недозволиво во дерби средба. – изјави Каменица.
Битолските „зелено бели“ во преостанатите три мечеви од регуларниот дел во Супер лигата ќе влезат со ист број на бодови со Охрид.
Победнички танц на „гладијаторите“ во супер дербито со Пелистер
Фото: Емоциите посилни од херојот Благојче Трајкоски !
OhridNews