Легендарниот шпански чувар на мрежата Икер Касиљас официјално се врати во Реал Мадрид.

Касиљас ќе и се приклучи на Фондацијата Реал Мадрид и ќе добие улога на асистент на генералниот директор.

Голманот во дресот на Реал Мадрид бранеше вкупно 16 сезони (1999-2015) и освои 19 титули. Од клубот си замина после несогласувањата со Жозе Мурињо кој тогаш беше шеф на стручниот штаб на „кралевите“.

Финалето на англискиот Карабао куп одложено за април

Англиската фудбалска федерација (ФА) го одложи за крајот на април финалето на Карабао купот, што првично беше закажано за 28 февруари.

Одлуката финалниот натпревар да се одигра на 25 април на стадионот „Вембли“ во Лондон е мотивирана од нашата намера, завршницата на Карабао купот да се игра пред што е можно повеќе гледачи на трибините, соопшти ФА.

Проекциите на ФА се дека „Вембли“ ќе може да прими многу повеќе навивачи на крајот од април, отколку во февруари, иако тоа првенствено ќе зависи од состојбата со коронавирусот и мерките што ќе бидат преземени од британските власти.

OhridNews