Љубљана – Словенечката фирма „Фруктал“ од превентивни причини од продажба повлече четири вида детски овошни кашички „Фрутек“, произведени од 25 мај до 24 јуни 2010 година. Тоа се производи со вкус на кајсија и крушка, слива, праска и ориз, како и јаболко, во пакувања од 120 грама.



„Фруктал“ бил информиран дека за време на производството на стаклената амбалажа на хрватската фирма „Ветропак страж“ дошло до отстапување кај производствената линија поради што се можни оштетувања на внатрешноста на стаклените теглички.

Претседателот на управата на „Фруктал“, Драго Кавшек, потенцира дека сите останати кашички и сокови на „Фрутек“ се целосно сигурни. „Фруктал“ ги повикува сите потрошувачи што ги купиле овие кашички, од превентивни причини, да не ги користат и да ги вратат во продавниците, кои ќе им ги повратат парите.

Ohridnews