– Македонија е добар тим вели селекторот Егил Олсен, но ние секогаш одиме на победа. Тоа е целта на играта.

Норвежаните знаат дека Горан Пандев и македонското сонце ќе бидат нивните најголеми противнци, својата шанса шанса ја гледаат во физичката супериорност.

Знаеме дека ќе биде тешко. Ова ќе биде тежок натпревар. Македонија е добар тим, со добри играчи. Шансите на двете екипи се 50:50– вели Џон Кару.

Натпреварот кој започнува во 17.45 минути ќе го води судиска четворка од Италија на чело со Паоло Таљавенто.

М.П.