Картите за балетскиот спектакл „Спартак“ со кој  ќе биде отворено 47-то  Охридско лето веќе се пуштени во продажба.

Картите за кои според информациите од дирекцијата на фестивалот владее голем интерес ќе може да се набават по цена од 1200 денари.

Претставата „Спартак“ ќе ја изведе еден од двата најдобри светски балетски театри надалеку познатиот,  Киевски балет кој настапот во Охрид веднаш заминува  на турнеја во Португалија. 

Технички лица од Киевскиот балет веќе престојуваа во Охрид и се задоволни од сцената на Античкиот театар каде на 12 јули ке го отворат фестивалот.Украинците  во Охрид доаѓаат со екипа од 150 луге а на сцената ќе се  појават околу шеесетина балетани.

Се работи за  спектакуларна претстава досега невидена на овие простори , вели директорот на „Охридско лето“ Тони Симоновски.

Тој информираше дека фестивалската програма е дефинирана и дека се е подготвено за почеток на Охридско лето.

Г.М./М.Т