Сите 50.000 карти за концертот на групата АC/DC, кој ќе се одржи на 5 јуни на стадионот во Цирих, се продадени за неверојатни шест минути, соопшти продуцентската куќа на познатата група.

Групата имала 17 концерти во Швајцарија од 1976 година. Последниот бил во јуни во 2010 година. Минатата недела, австралискиот бенд порачал дека ќе започне европска турнеја со концерт во Холандија во мај 2015 година, а ќе одржи вкупно 20 концерти.

АC/DC на 1 декември издаде нов албум „Rock or Bust“, прв на кој не свири основачот на групата, гитаристот Малколм Јанг, кој заболел од деменција. Групата е една од најголемите концертни атракции во светот и автор на еден од најтиражните албуми на сите времиња – „Back In Black“.

OhridNews

Извор:„Идивиди“