На 1 и 2 септември за прв пат во Охрид во стилот на Формула 1 ќе се одржи Гран при трка со натпреварувачки и хуманитарен карактер во организација на Картингот Римо.
На првото издание на Картинг трката Римо ќе можат да учествуваат сите љубители на автомобилизмот, зависниците од адреналин и брзината и пред се луѓе кои сакаат да се дружат и забавуваат. Учеството чини 700 денари, а во пакетот има маичка и производи од спонзорите. Дел од средствата на учесниците ќе бидат донирани во Црвен крст кој ќе ги распредели каде што е најпотребно.
- На Картинг трката Римо сакаме да доминира забавата и дружбата и хуманоста, а секако дека ќе го негуваме и натпреварувачкиот дух без кој не може авто мото спортот. Ние како организатори ќе направиме се што потребно сите да уживаат во настанот кој ќе тежнемее да прерасне во традиција. – најавија организаторите.
Финалето на дводневниот спортски хепенинг во Охрид ќе се одржи во вечерен термин под рефлектори. Главни проковотители на првиот настан од ваков вид во Охрид се Картингот Римо и Мото центарот Амбасадор, а други помагатели се Бистро Корнер, Жито Леб, Ред Бул Македонија, USCCO, Тубелес, Тамаро Маркети, Дисконт Рај, Shilla Smoothies, Гуго, Лабино Саунд и Вила Дарко.
Контакт за пријавување (075 881 351) Марио, а за подетални информации на официјалниот профил на фејсбук Картинг трка Римо – Охрид.
OhridNews