Кинеската евтина авиокомпанија “Спринг Ерлајнс“ поднела барање да продава карти за стоење. Патниците би платиле помалку за стоење меѓу редовите. Претседателот на компанијата ќе ги пушти картите во продажба штом одобри Владата. Бидејќи на оваа идеја дошол заменикот премиер, сигурни се дека ќе ја одобрат.
– Предложено е патниците, за пониска цена, да се возат во авионот како во автобус, без седиште, багаж, храна и вода – рекол претседателот на компанијата, и додал дека компанијата се консултирала со Ербас кој потврдил дека планот е безбеден.