Една од последните карти за патување со Титаник е продадена во саботата на аукција во Англија за 42.000 евра.
Џебниот часовник кој застанал во моментот кога потонал Титаник е продаден за 39.000 евра.
Предметите биле сопственост на Лилијан Асплунд, која почина во 2006 година на возраст од 99 години. Таа се до својата смрт ги чувала предметите во кутија за чевли во својот дом во САД, а ги наследил нејзиниот вкук во Германија.
Лилијан имала 5 години кога во 1912 година со своите родители и четворицата браќа се качила на Титаник, како би емигрирала од Шведска во САД.
Спасот го пронашла во еден од чамците за спасување заедно со својата мајка и еден брат. Нејзиниот татко и тројца браќа не успеале да се спасат.
Титаник, најголемиот и најлуксузен брод на светот во тоа време се сметал за непотоплив, налетал на санта мраз во ноќта на 14 април 1912 година на отворено море пред Њуфаундленд, на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк. Од вкупно 2201 патници погинале 1490.