Српските интернациопналци Филип Сунтурлиќ и Немања Матеиќ се најновите засилувања во Охридскиот АМАК СП во продолжението на шампионатот.

По завршувањето на подготовките во спортсткиот комплкес Истатов, Гацов се одлучи да му се заблагодари на Коко Кофилд кој доби карта во еден правец.


Филип Сунтурлиќ                      Немања Матеиќ

Новите лица во тимот на АМАК ќе ја зголемат конкуренцијата во составот.

Филип Сунтурлиќ (26) доаѓа од Иран и игра на позциите еден и два.

Немања Матеиќ (26) во Охрид доаѓа од втората бундес лига, односно од тимот на Келн. Тој треба да го засили АМАК на позициите три и четири.

Вториот дел од шампионатот започнува во Сабота 02 Февруари, а охригани му гостуваат на Пелистер во Битола.