Карпош Соколи и МЗТ Скопје изборија пласман во финалето на 24-то издание на кошaркарскиот Куп на Македонија. Карпош Соколи во полуфиналето славеа над Куманово 71:69, додека МЗТ го совлада домаќинот на завршниот турнир, Кожув со 72:62.

Тимот на Карпош Соколи приреди изненадување со триумфот на Куманово, со кој го обезбеди првото финале во клупската историја.

Решавачка за триумфот на скопскиот тим беше третата четвртина, која ‘соколите’ ја добија со 19:8. Куманово се обиде во последниот период да направи пресврт, го внесе мечот во неизвесна завршница но Кумановци немаа сили за целосен пресврт.

Кнежевиќ и Снер постигнаа по 15 поени за победникот, додека репрезентативецот Трајковсдки со 23 кошеви беше најефикасен кај Куманово.

МЗТ, против Кожув ја оправда улогата фаворит и му се реваншираше на тимот од Гевгелија за минатосезонскиот пораз, во оваа иста фаза на Купот.

Марко Луковиќ со 12 поени беше најефикасен кај МЗТ, во чии редови уште тројца играчи (Дреновац, Стојановски и Љубичиќ) постигнаа по 11 поени. Кожув го рпедводеше Пен кој постигна 21 кош.

Финалниот натпревар ќе се одигра в недела со почеток во 19:30 часот.

OhridNews