Светскиот шампион во голф Рори Мекилрој ја раскинал веридбата со тенисерката Каролина Возњацки. До разделувањето помеѓу познатиот пар дошло веднаш откако ги испратиле поканите за венчавката, и поради тоа бидејќи Рори сватил дека не е спремен за брак. Заедно биле од 2011 година, а се вериле на дочекот на Новата 2014.
Само пет месеци подоцна Рори соопштил дека одлуката ја донеле заедно и дека останал пријател со Каролина. рекол дека не постои вистински начин да се прекине врска која била толку важна за две лица. На Каролина и посакал да биде среќна и и се заблагодарил за прекрасните моменти. Сепак, данската тенисерка се огласила преку Твитер каде напишала дека моментално и е многу тешко и им се заблагодариле на сите кои и помогнале во овие моменти.