Незаборевен концерт за своите обожаватели приреди македонската поп дива Каролина Гочева вчеравечер на Античкиот театар во Охрид.

Публиката во еден глас ги пееше прeпознатливите рефрени на „Две лири“, „Чалгиска“, „Пролет лето есен зима“, „Птицо малечка“, „Вези, вези”, „Смеј ми се смеј” и останатите песни од музичкиот проект „Македонско Девојче“.

Концертот е дел од мини летната турнејата на Каролина во Македонија. Освен во Охрид, поп дивата одржа самостоен концерт и во Хераклеа во Битола, а на 2-ри август ќе одржи концерт во Дојран.

OhridNews