Македонската поп дива Каролина Гочева на 24-ти јули 2015 година ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид. Концертот е дел од мини летната турнејата на проектот „Македонско Девојче“ во Македонија.

Освен во Охрид, Каролина ќе одржи самостоен концерт на 23-ти јули во Битола во античкиот локалитет – Хераклеа и во Дојран на 2-ри август. Исто така според најавите, Каролина во текот на наредниот период ќе настапи и на „Банско фест“ во Бугарија и на „Егзит Фестивал“ во Србија.

Влезниците за концертите се по цена од 300 денари и веќе може да се купат преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.

OhridNews