Каролина Гочева утревечер ќе одржи концерт во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, како дел од проектот „Македонско девојче 2“.
Според организаторите концептот на концертот ќе биде ист како во промотивните концерти во Македонската Опера и Балет, кои што се одржаа оваа година. Во првиот дел од концертот во целост ќе биде изведен албумот „Македонско девојче 2“, а во вториот дел ќе бидат изведени песни од албумот „Македонско девојче 1“.
OhridNews