Карневалот што изминатиот викенд се случи во селото Куратица на извонреден начин ја продолжи василичарската традиција. Оваа година  Василица во Куратица собра над 2500 луге, што е потврда дека оваа манифестација од година во година станува се помасовна.

Манифестацијата годинава беше поздравена од градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, од кого организаторот, здружението на граѓани “Св. Василиј” , очекува да се заложи Карневалот во Куратица  да влезе на списокот на манифестации поддржани и финансирани од локалната самоуправа.

На манифестацијата што традиционално се одржува на 13 и 14 јануари, беа избрани најдобра детска и возрасна маска за 2007. Најдобрите добија пригодни награди а децата подароци.


од карневалот во Куратица