Традиционалниот василичарски карневал догодина ќе трае три дена. Вака одлучи Здружението  на граѓани Св. Василиј на состанокот одржан деновиве, на Кој биле  зацртани активностите околу организацијата на карневалот 2010.

На состанокот, како што информираат од здружението, станало збор за обезбедување финансиски средства за организација на манифестацијата, а биле разгледани и правилата и пропозициите за учество на натпреварувачите на единаесетото издание на карневалот.
    
Карневалот во Куратица традиционално се одржува на 13 и 14 јануари кога средселото е домаќин на повеќе илјади гости.

Ohridnews