Во охридското село Куратица денеска се одржува традиционалниот василичарски карневал.
Годинава главното карневалско дефиле ќе се одржи во вечерните часови. Организацискиот одбор соопшти дека се е подготвено за Василица, обезбедени се доволни количини вино и ракија за загревање па се очекува добра забава.
Се очекува на карневалот да продефилираат стотина маскирани, а манифестацијата да ја посетат неколку илјади граѓани.
Карневали по повод Василица се одржуваат и во други населени места во охридско, а меѓу попознатитет и е и тој во Косел.
ohridnews