Селекцијата на Словачка потешко од очекувањата стигна до полуфиналето откако со 58-48 ја совлада репрезентацијата на Португалија. 

Словакињите ги добија сите четири натпревари во групата, а најмногу се намачија со селекцијата на Романија во натрпеварот кој го добија со еден предност (73-72).

 
Нашата цел е да се најдеме во “А“ дивизијата,  добро се носиме со фаворитската улога, но сепак  се фокусираме и играме натпревар од натпревар и очекувам да ја вратиме Словачка онаму каде што и реално припаѓа. Во полуфиналето очекувам да се сретнеме со Унгарија или Израел, (противник  ќе им биде Холандија н.з) репрезентации кои добро ги познаваме, добро е што ќе ја избегнеме Белгија на патот до финалето – ни изјави селекторот на Словачка, Владимир Карнај.

Селекторот Карнај во Словачка ќе понесе позитивни импресии од Охрид.

– Многу прекрaсно место е Охрид, многу убава прирoда и многу добри луѓе многу благодарам на Македонија.

М.П.