Во потрагата за нешто ново и атрактивно, белгијанците направиле чоколаден кармин, но и чоколаден накит украсен со дијаманти. Не е тешко да се претпостави дека главната магија на карминот е во неговиот вкус, кој кога ќе го нанесете, ќе имате вкус како претходно да сте јаделе чоколадо.


Белгијанецот Доминик Персон, кој го направил карминот, својата креативност ја здружил со Давид ван Турентхоут. Тие заедно прават накит од чоколадо. Целиот накит кој го произведуваат е премачкан со чоколадо и има посебна топлотна заштита, што е многу важно имајќи во предвид дека чоколадото лесно се топи. Чоколадниот накит е украсен со дијаманти и може да се носи на температура до 25 степени.