Бившата зајачица на Плејбој тврди дека со движењето и извивањето на телото како во американските музички спотови можете да ослабите. И не само тоа-ако го сакате својот кревет и „го третирате исправно“ можете да бидете во добра форма.

Новиот проект на Кармен Електра се вика „ Кармен Електра аеробик стриптиз-во спалната“. Мажите секако се одушевени бидејќи не мораат да гледаат приглупи филмови во очекување Електра да се соблече, а жените фанатично го купуваат ДВД-то во обид да изгледаат барем приближно како неа.


Кармен има нова теорија за слабеењето

„Ова ДВД првенствено е наменето на домаќинките кои се досадуваат, но мислам дека ќе им послужи на сите жени кои со малку труд и многу забава можат добро да изгледаат“ изјави Електра промовирајќи го својот проект.

Јасмина Т. Момироска