Заносната актерка Кармен Електра, станала најстарата жена која ја красела насловната на модното списание FHM. Кармен моментално има 41 година, и и покрај тоа што минаа 15 години од завршувањето на серијата „Baywatch“, таа и понатаму има совршено извајано тело. Таа рекла дека се чувствува исклучително поудбно сега. Помалку е нервозна околу своето тело отколку кога била млада. Достигнала до таа точка од својата кариера кога не мора да се грижи за ништо.
Таа додала и дека тајната на убавината доаѓа од внатре, и дека е потребно човек да се чувствува удобно во своето тело како до крај би го остварил својот потенцијал. Актерката открила дека сеуште го чува својот познат едноделен костум за капење кој го носела во серијата.