Кармен Бауцентар, како општествено одговорна компанија, оваа година го поддржува Ракометниот камп на нашиот најдобар играч Kирил Лазаров, кој ќе се одржи во две смени во Охрид во периодот од 20 јуну до 2 јули.
– Кармен Бауцентар како компанија честопати во минатото го поддржувал развојот на спортот и развојот на младите во спортски дух. Со оглед на високото реноме кое како активен ракометар го ужива Кирил Лазаров, воопшто не се двоумевме да го поддржиме ракометниот камп Кирил Лазаров 7. Дополнителен мотив за одлуката за нашата поддршка е што кампот ќе се одржи во Охрид, каде е лоцирана базата на „Кармен Бауцентар“. Јас лично потекнувам од Охрид каде го имам минато поголемиот дел од мојот животен век. Затоа со оваа наша поддршка сакам да направиме нешто добро за младите во овој регион и да придонесеме за нивниот развој во здрави личности. – изјави генералниот директор на Кармен Бауцентар ДООЕЛ, Жарко Јанев.
Лазаров на својот четврти ракометен камп заедно со својот тим од тренери ќе го сподели своето знаење и искуство на младите ракометари, кои во иднина треба да прераснат во врвни спортисти.
OhridNews