Мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим се наоѓа на врвот на листата на најбогати луѓе на светот што ја објави Блумберг“. Богатството на Слим се проценува на 77 милијарди долари.

Следи основачот на „Microsoft“ Бил Гејтс (64.4 мил.$) и шпанскиот тајкун Амансио Ортега (53,6 мил.$), oсновач на компанијата „Индитекс“, позната и по над 1.600 продавници на „Зара“. Само оваа година до октомври Ортега заработил 18 милијарди долари или 66 милиони дневно! Тој го претекна Ворен Бафет, кој сега е 4-ти на листата најбогати со 48,4 милијарди долари.

Меѓу првите 25 најбогати се и основачот на Икеа, Ингваер Кампрад, четири члена на семејството Волтон кое ги контролирата „Волмарт“ и Стефан Персон – најголем акционер на шведскиот гигант за облека „H&M“.

Со богатство од 6,8 милијарди долари Марк Цукерберг, извршниот директор на „Фејсбук“, се бори да влезе во првите 200 на листата на влијателниот економски магазин „Блумберг.

OhridNews