Челси ја прекина три годишната доминација на Манчестер Јунајтед во Премиер Лигата но ја продолжи својата неприкосновеност во ФА Купот на Англија освојувајќи го три пати во последните четири години. “Сините“  во финалето од ФА Купот на преполниот Вембли во мошне интересен натпревар славеа над Портсмут со минимални но доволни 1-0.

– Петр Чех заврши одлична работа со одбранетиот пенал на Боатенг во 51-та минута. Да поведеше Портсмут тогаш нас ќе ни беше многу тешко да се вратиме во ритам. Неколку минути подоцна Дидиер Дрогба погоди од слободен удар за предност, после погодокот беше многу полесно за игра.


– Неверојатно прво полувреме, никогаш во мојата тренерска кариера ми се нема случено да погодиме 5-6 стативи или “пречки“ а да не поентираме. Но се случува.


Избраниците на италијанскиот стратег Карло Анчелоти ја овоија првата двојна круна во историјата на клубот. Недостасуваше само трофејот од Лигата на Шампиони каде беа елиминирани во 1/8 финалето од Интер.

– За клубот е многу важно да се освои двојна круна, а и мене ми е прва во тренереската кариера. Наредната сезона ќе пробаме да ја освоиме тројната круна. Секако дека сакавме да стигниме што подалеку во Лигата на Шампиони но тоа е тоа. Но сме среќни со успехот во оваа сезона. заклучи италијанскиот стратег Карло Анчелоти.

Видео : “Дабл дабл“ круна за Челси

ohridnews