Манекенката Карли Клос е еден од оние среќници чии чекори се злато вредни. Секој нејзин чекор направен на модните писти ширум светот и носи 299 долари. Не е познато кој ги брои чекорите, но факт е дека Карли е меѓу најдобро платените манекенки на светот.
Додека послабо платените манекенки заработуваат едвај 3000 долари и тоа за педесетина ревии, супермоделите како Карли за 22 ревии заработуваат и до 130 илјади долари. Супермоделите ја имаат и таа предност шти се многу барани во рекламните кампањи за модните куќи, па така Клос само на сметка на тоа минатата година ја здебели својата сметка за 2,8 милиони долари.