На почетокот на годинава, супермоделот Карли Клос стави точка на кариерата во Викторија Сикрет како би се посветила на повисоки, академски цели, но тоа по се изгледа не ја спречува и понатаму да биде во топ форма. Карли, една од осумте најзгодни ангели на Викторија Сикрет, се откажа од ангелските крила како би се посветила на студиите.

 

Оваа згодна манекенка четири години била во модната куќа, а во разговор за Вог открила дека образованието секогаш и било на прво место. Папараците ја фотографирале манекенката додека џогирала низ улиците на Њујорк, а се чини дека и нередовниот студентски живот на оваа убавица не и прави никаква штета.