Карли Клос има само 23 години, а веќе може да се пофали со неверојатен успех во светот на модата. Парискиот Вог ја сврсти меѓу топ 30 најдобри модели на светот. До оваа година беше и ангел на Викторија Сикрет, што е сон на многу девојки. Веќе на 14 години ја снимила својата прва насловна страна и оттогаш нејзината кариера е во нагорна линија. Тешко е да се набројат сите списанија чии насловни ги красела, како и модните компании и креатори со кои соработувала. Во 2010 година се појави и во една епизода на популарната серија ‘Gossip Girl’.
Карли не е преокупирана само со модата. Верувале или не, таа обожава да пече колачи. Та ги смислила и „Карли Куки“ кои ги продава за време на модните ревии, а сета зараотка оди за помош на децата кои гладуваат. Освен со хуманитарната работа Карли работи и на тоа да им ја објасни важноста од образованието на младите девојки. Карли ги повикува преку симпатични видео клипови на својот Инстаграм профил. Колегите за неа велат дека освен што е врвна манекенка, пред се е прекрасна личност.