Иако до породувањето и останале само неколку седмици, првата дама на Франција Карла Бруни Саркози рекла дека со нетрпение ги брои деновите кога повторно ќе може да живее нормално, пишуваат француските медиуми. Во еден разговор со стипендистите на нејзината фондација, Карла признала дека не може повеќе да издржи.
Таа рекла дека поголемиот дел од времето мора да седи или да лежи. Најтешко и паѓало тоа што не смеела да пуши и да пие вино. Таа треба да се породи на крајот на октомври, на на крајот рекла дека едвај чека сето ова да се заврши.