Првата дама на Франција, Карла Бруни Саркози, која не се колеба сама да ги води односите со јавноста и на највисоки нивоа, на секој министер од француската влада им подарила по еден примерок од нејзиниот последен музички албум.
Албумот “Comme Si de Rien N’Etait” (Како ништо да не се случило), објавен е под нејзиното уметничко име Карла Бруни, стигна на врвот на француските музички скалила за само две недели откако е објавен. Меѓутоа, според непотврдени гласини, канцеларијата на нејзиниот сопруг во Елисејската палата, наводно купила голем број на примероци од нејзиниот албум.
Госпоѓа Бруни Саркози лично на секој министер им дала по еден примерок од албумот на последниот состанок на француската влада пред министрите да заминат на годишен одмор.