Првата дама на Франција, Карла Бруни, била видена во Париз како купува облека во продавница за бебиња, иако медиумите уште пред три дена возбудено објавиле дека таа е во болница и дека започнало породувањето. Сопругата на францускиот претседател, која би требало наскоро да се породи, се обидува да обезбеди се што е неопходни за доаѓањето на бебето на свет.


Таа веќе го пробила првобитниот термин за породување, но очигледно не и било тешко да прошета по улиците на Париз во потрага за облека за своето ново дете. Карла, имено, веќе има еден син од десет години од врската со Рафаел Ентовен, професор по филозофија.