Првата дама на франција, Карла Бруни Саркози, ги завршила текстовите на своите нови песни и планира наскоро да влезе во студио и да го сними својот нов албум. Реализацијата на нејзиниот четврти албум, втор откако се омажила за францускиот претседател, ќе биде доверена на нејзиниот долгогодишен пријател, канадскиот продуцент Даниел Ланои, кој уште работел за Боб Дилан, U2 и Нил Јанг.


Според медиумите, поранешната манекенка има намера својот нов албум, кој ќе излезе на есен, да го сними во Лос Анџелес. Нејзиниот прв албум “Quelqu’un m’a dit”, издаден на крајот на 2002 година, постигнал голем успех кај критичарите и публиката, со два милиони примероци продадени во светот, додека другите два имале послаб успех.