Карла Бруни, сопругата на францускиот претседател Николас Саркози, ќе пее во живо на 16 септември на каналот ВВС2, во емисија во која исто така ќе настапат Металика и Пол Макартни, објавила во саботата медиумската куќа.

„Италијанката која порасна во Франција, моментално Прва дама на Франција, ќе отпее една или две песни од штотуку издадениот албум “Comme si de Rien n’Etait” во емисијата “Later..With Jools Holland”, додава ВВС во соопштението.

Металика ќе настапи во емисијата исто така по повод издавањето на деветтиот студиски албум “Death Magnetic”.