Некогашната прва дама на Франција, Карла Бруни, ќе издаде нов албум со име ‘Little French Songs’ на пролет, соопштил нејзиниот агент.
Албумот ќе претставува спој на големите француски композитори и ќе биде прв од 2008 кога Карла се омажила за тогашниот претседател на Франција Никола Саркози, кој минатата година ги изгуби изборите од ривалот Франсоа Оланд. “Little French Songs” ќе биде четврти албум на пејачката и манекенка.