Сопругата на поранешниот француски претседател Карла Бруни и израелската манекенка Бар Рафаели овие денови гостувале на познатиот италијански фестивал Санремо, каде привлекле големо внимание кај медиумите. Карла настапила во средата, а некогашната манекенка и сопруга на Николас Саркози на сцената се појавила облечена во едноставно одело и со гитара во раката.

Нејзината помлада колешка, манекенката Бар Рафаели исто така била гостин на фестивалот, и тоа во улога на водителка на еден од вкупно петте дена колку што трае фестивалот. Убавата Бар одлично се забавувала во Милано, каде била видена како разгледува по бутиците на познатите дизајнери и покрај ниските температури кои овие денови владеат во Италија.