Новата прва дама на Франција продолжува да ја шокира тамошната јавност. Во најновиот број на магазинот GQ се појавува потполно гола, само во кожени чизми и со венчалниот прстен на рака. Покрај лавината од негативни критики кои ги доживеа за овој свој потег, Карла ја постигна својата цел- влегува во аналите како прва претседателска жена која се сликала гола.


Карла Бруни гола

Иако за време на долгогодишната манекенска кариера често позирала гола  или оскудно облечена шетала по пистата, сепак со новиот едиторијал Карла ги шокираше французите, но и ја покажа својата фантастична фигура, додуша малку поправена со помош на фотошоп.


Сопругот воодушевен!?

Нејзиниот нов сопруг, францускиот претседател Николас Саркози, се уште не ги коментирал фотографиите, но низ Елисејската палата се зборува дека бил одушевен од фактот што неговата избраничка уште еднаш успеала да го привлече вниманието на јавноста.