Карла Бруни Саркози, сопруга на францускиот претседател, смета дека сопругите на претседателите и сите останати сопруги не би смееле да се откажат од работата откако ќе се омажат.

Некогашниот супермодел, сега пејачка, во радиско интервју вели дека не размислувала за прекин на пејачката кариера кога станала прва дама на Франција.


Во петок излегува нејзиниот албум со фолк и блуз песни, кој плени со посебно внимание бидејќи се работи за прв албум по венчавката со Николас Саркози. Пред тоа има снимено два албуми.

Карла Бруни, по потекло италијанка, изјавила во радиостаницата Франс-Интер дека жените во 2008 година, дури и оние со важен брачен партнер, „имаат право да работаат“.

Сепак со оглед на нејзината положба, новиот албум нема да биде претставен на концерти, а приходите ќе одат во доброволни цели.