Сопругата на францускиот претседател, Карла Бруни која има 43 години, е среќна што Папата ја одобрил употребата на кондоми. Изјавила дека верниците ширум светот најпосле ќе спознаат дека сигурниот секс значи дека се прави добро, и дека не е грев.


Француската прва дама протви ХИВ вирусот и против сидата се бори веќе со години, откако нејзиниот брат умрел токму од таа болест. Една година претходно, таа го критизирала Папата кој тогаш не размислувал на истиот начин.